Каква брука!!! Гладни за власт бркаат диктатори кои прават блокада, а секој си влегува како сака и си кажува своја вистина! Главните актери се испобрукаа максимално, а режисерите во сенка почнаа да се глодаат безмилосно. Едниот имал неколку фирмичиња и непријавен имот којзнае каде, а овој другиот ни ги истру децата со сомнително бојадисани смоки. И нормално им се е.е за данок кон државата која ја цицаат безмилосно исто како и што се глодаат меѓусебно кога ќе секне цицката.
А ние ?????
Ние уживаме во садомазохистички сеир. Поделени, апатични, уморни од византиски игри кои ни го кршат достоинството на секој чекор. Обезличени во аморфна маса која гледа во борбата за фотељи како на нешто најприрддно и најнормално и не очекуваме ни на сон, дека нешто ќе се подобри. Ја изгубивме кичмата. Не сме луѓе веќе. Сите сме само бројки и тоа ПОДЕЛЕНИ!!!
[...] Незаборав: Поделени! * [...]