07 ноеЕвроперспектива?

YouTube Preview Image

Currency wars во најдобро издание!

31 октЕвроскептицизам!

Адолфица

Адолфица

Значи вака делуваат евроскептиците!

И сега? Нашиве ЕУ попаленковци вешто ќе почнат да не убедуваат дека спасот од глобалното затоплување лежи само   во законските регулативи на бриселските бирократи.

Како ли ќе изгледаше Меркеловица во грчките очи ако целокупниот грчки долг беше простен наместо само фамозните 100 милијарди евра?!!!!

Колку за компарација, што ли ќе се изнаслушаме од нашиве ЕУ попаленковци ако на некој случајно кај нас му падне на памет да истопори ваков постер????

Уф, каква ката-КЛИЗМА би било тоа.

06 мајГрција излегува од евро зоната?

Најнов развој на настаните околу финансиската состојба на грчката економија!

http://www.spiegel.de/international/europe/0,1518,761201,00.html

Владата на Република Грција се закани дека ќе излезе од Еврозоната. Се шпекулира дека Грција ќе ја врати драхмата во оптек како средство со кое ќе може да ја регулира фискалната политика и да се спаси од неизбежниот банкрот.  Ова ќе има огромни последици по Еврозоната и прашање е дали Грција ќе излезе од ЕУ во целост или тоа ќе биде само монетарна мерка. Што значи ова за регионот и посебно за нас, останува да се види откако ќе заврши денешниот состанок на кој ќе биде одлучено за следните чекори во врска со финансиската состојба во Грција.

Мое мислење е дека ќе извлечат уште некоја милијарда од Европските џебови!!!!!

12 апрФУКУШИМА И СВЕТОТ ДЕНЕС (МАПИ НА РАДИЈАЦИЈА)

Колкумина од нас во нашава Македонија сме се запрашале дали радиоактивниот материјал кој во атмосферата го испуштаат дефектните реактори на јапонската нуклеарка Фукушима, може да стигне до нас и да претставува долгорочна закана за здравјето на луѓето и животните?

Вчера Јапонија призна дека ја губи борбата во напорите да спречи неконтролирано ширење на радиоактивниот материјал и го повиши нивото на скалата која го означува интензитетот на нуклеарната хаварија и го изедначи со онаа што ја имаше Чернобил во 1986 година, односно таа е сега на ниво 7. Со оглед на тоа дека состојбата на теренот трае подолго од еден месец сите светски земји мораат да почнат со информирање околу количеството на радијација кое стигнува до конкретна област од интерес, што значи тоа за нас во прва рака би била Европа, Балканот и ние во него.

Каде е тука улогата на институциите во државава кои со закон се обврзани да даваат информации што се однесуваат на опасноста од радијацијата? Колку од нас се запознаени со нивото на радијација кое доспева до нас?

Колку за пример IFRC, односно Независната Француска Комисија за Радијација веќе донесе одлука со која ги советува жителите на Франција осбено бремените жени и децата , да избегнуваат употреба на млеко, млечни производи и зеленчуци кои имаат голема површина на листовите.

Франција не е единствена која го следи развојот на настаните со особено внимание. Во Германија на пример се даваат прогнози за дневното ширење на радијацијата од Фукушима со акцент на контаминацијата од елементот Цезиум 137. Со оглед на должината на периодот на полураспаѓање на Цезиум 137 од 30 години,  не е воопшто за чудење со колкава претпазливост се следи ширењето токму на овој радиактивен елемент. Податоците од Rhenish Institute for Enviromental Research се доста интересни и многу концизни. Преточени во мапи на кои се следи ширењето на радиоактивниот материјал од Фукушима,  на човек не му останува, а да не се запраша има ли некој во државава кој ги следи овие податоци и дали истите имаат кредибилитет? Зошто го поставувавам ова прашање? Па кај нас постои молк околу опасноста од радијација. Можеби имаме чувство дека сме далеку од Јапонија. Е па, се лажеме. Никој не е доволно далеку од Фукушима ако агонијата продолжи да трае да речеме уште  еден месец.

Еве само неколку примери со мапи на кои е прикажано ширењето на радиоактивниот материјал.

Capture4

Capture2

Capture3

Не би сакал да предизвикам страв, но би претпочитал транспаренто и одговорно следење од надлежните на оваа проблематика.  Можеби многу сакам,а? Којзнае?

Еве неколку корисни линкови и интересни симулации.

Ако ништо друго, на следниов линк може да се следи состојбата во соседна Србија.

Сепак за вредностите на радијација во држава може да се информирате на страната на Дирекцијата за радијациона сигурност.

11 декНезависно новинарство? Што беше тоа?

Во каква состојба е новинарството во Македонија?

Транспарентност,објективност,непристрасност,трагање по вистина…..

Се додека уредувачките политички интереси се доминантни во уредувањето на медиумските “вистини”, се дотогаш ќе имаме трагикомедии!

Дали политизираноста во новинарството може да се спореди со корупција?

Скриншот од time.mk

Коментар не е потребен.

Чиј сервис треба да биде ЗНМ?

26 ноеПОДЕЛЕНИ!!!

Каква брука!!!  Гладни за власт бркаат диктатори кои прават блокада, а секој си влегува како сака и си кажува своја вистина! Главните актери се испобрукаа максимално, а режисерите во сенка почнаа да се глодаат безмилосно. Едниот имал неколку фирмичиња и непријавен имот којзнае каде, а овој другиот ни ги истру децата со сомнително бојадисани смоки. И нормално им се е.е за данок кон државата која ја цицаат безмилосно исто како и што се глодаат меѓусебно кога ќе секне цицката.

А ние ?????

Ние уживаме во садомазохистички сеир. Поделени, апатични, уморни од византиски игри кои ни го кршат достоинството на секој чекор. Обезличени во аморфна маса која гледа во борбата за фотељи како на нешто најприрддно и најнормално и не очекуваме ни на сон, дека нешто ќе се подобри. Ја изгубивме кичмата. Не сме луѓе веќе. Сите сме само бројки и тоа ПОДЕЛЕНИ!!!

12 јулНИКОЈ нема право да преговара за МОЕТО ИМЕ!

campaign_705_m

ОВА е тоа што ни требаше мноооогу порано.

ОВА треба да е во срцата на сите Македонци. Никогаш не е доцна.

МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!!!!

Голема благодарност до MHRMI и AMHRC што ни ги прочитаа најискрените емоции.

26 ноеГРИПОТ и вакцината на Бакстер

 

 

    Инфо за новите вакцини кои нашата влада  планира да ги увезе од Американската фармацевтска компанија Baxter кое колку и да не сакам да звучи параноично звучи навистина ПАРАНОИЧНО.

 

Еве еден скриншот од Гугл пребарување под baxter vaccine

 

 Да Ви заштедам време, во линковите ќе налетате на хорор приказна во  која Бакстер е фатен како пренесува 72 килограми на контаминиран материјал за вакцини за сезонски грип. Но хоророт е во фактот што контаминацијата е направена ни помалку ни повеќе со ЖИВ вирус на Птичјиот Азиски грип.

Од своја лабараторија во Австрија, Бакстер оваа пратка ја дистрибуирал во лабаратории во 6 држави на ЕУ меѓу кои Чешка и Словенија.

Приказнава не би била толку страшна ако се превземале  здраворазумски мерки како затворање на оваа фармацевтска компанија. Но, наместо тоа СЗО носи скандалозна одлука со која на оваа компанија не само што не и се забранува било каква активност туку на истата компанија и се дозволува производство на вакцини за превенција на новиот H1N1 грип!!!!!

Па сега дали ќе се вакцинирате останува на вас?

Инаку колку за потсетување, за да се создаде имунитет по примена вакцина е потребно некаде околу 15 дена. А, за да се разболите од новиот грип по изложување на инфективна доза е потребно 2-3 дена. Па иако сте се вакцинирале, тоа не е ефикасна заштита во период кога сите сме веќе изложени на овој вирус, затоа што за 15 дена можете да се разболите, а вакцината само ќе ја искомплицира вашата состојба.

 

 П.С. На клик имате подробно објаснување за тоа што всушност е свинскиот грип.

11 ноеГрчкото најавено вето е јамка за иднината на ЕУ

 
   Лани НАТО, годинава ЕУ ќе влезат во тешка криза поради практикувањето на национално вето. Ваквата можност ги блокира европските институции, ја претвора политиката во бескрајна низа на меѓусебни уцени и условувања, а од европските политичари прави интернационални кловни  

Сега е веќе сосема јасно дека октомврискиот „блиц криг“ на Брисел во Македонија заврши како уште едно фијаско на т.н. европска заедничка политика. Брисел едноставно не успева да изгради успешна формула како да ги хармонизира националните интереси на своите членки со наднационалните визии и континентални проекти. Заради тоа, во континуитет ЕУ баш нема среќа со решавањето на крупните регионални проблеми. Се уште е поуспешна во закашкувањето, особено во оние региони каде нејзините членки некогаш, во името на своите национални интереси, инсталирале проблеми.

Кога би сакале да бидеме наивно добродушни, на Унијата овојпат можеме дури и да и прогледаме низ прсти заради длабоката институционална криза во која се наоѓаше заради ирскиот референдум за Лисабонскиот договор, чешката евроскепса и евидентната расеаност на амбициозните европолитичари кои беа преокупирани со сопствените кариери во новата европска конституција. Но, такво оправдание од историски аспект не ќе може да пројде за онаа секвенца кога ЕУ, со истиот капацитет, а неоптоварена од свои организациски главоболки, во 1992 година донесе Лисабонска декларација во која единствен услов за признавањето на Македонија беше таа да си го смени името. Што мора да се признае и денес не е далеку од зацртаната европска црвена линија во однос на Македонија.

Како што за Македонија Букурешт стана траен симбол на национална катастрофа, која чудесно се повторува, изгледа Лисабон за ЕУ израсна во симбол на дипломатско Ватерло на надежите за европско обединување на хуманистички принципи.

Бурлеска

Фијаското на иницијативата „шест недели плус еден ден“ всушност е резултат на умислата на некои европски политички кругови дека сега му е мајката да го затвори проблемот што го произведе како колатералка по Балканските војни, а кој, неспособна да го разреши низ 20 век, дополнително го искомплицира и како жежок костен му го утрапи на Советот за безбедност на ООН уште во 1993 година.

Навистина не е јасно во чии мудри глави се роди оваа есен „креативната“ идеја онака, преку трупа и набрзинка, без никаква процедура, да упадне во ООН, да го суспендира и Бан Ки Мун и Советот за безбедност, да го остави без ангажман Метју Нимиц, да ја киднапира фасциклата „Македонија“ од која самоволно се откажала, и уште додека лета преку Атлантикот, експресно да ја ад актира во бриселската архива како „успешно“ решен спор. Дали и овојпат инспирацијата дошла од македонска страна зашто, при една од последните посети на Брисел кооперативниот експретседател Црвенковски изјави дека ја поканил ЕУ да ја преземе иницијативата во грчко–македонските преговори? Иако и во ова се распознава грчки ракопис во кој македонскиот придонес е само статистика, за Брисел по 14 октомври (кога Македонија ја доби препораката за членство во ОН) очигледно тоа била понуда која не може да се одбие. Но, развојот на настаните кажува дека авантурата заврши како бурлеска.

Клапна блиц-кригот

Посетата на Бан Ки Мун на Атина разбистри до крај три „нејасни“ работи: Атина и Брисел на своја рака ја презеле есенската дипломатска офанзива кон Македонија, без консултации со САД и со ООН.

Грција немала намера да преговара и понатаму со Македонија, зашто нема назначено ни преговарач, иако на Македонија и е вклучена евроштоперката. И трето, Грција не преговара за разликите околу името, туку, како што недвосмислено ни разјасни Каролос Папуљас, таа сака да ја елиминира опасноста од создавање на европски регион „Македонија“ сé додека постои македонски народ и држава која се именува Македонија.

После овие инциденти, Атина и Папандреу очигледно притиснати од своите американски сојузници мораа да го потврдат легитимитетот на преговорите што ги води Нимиц. Тоа мораше да го стори и Брисел како страна фатена ин флагранти во јавен тоалет, а истото од за нас недоволно јасни причини го стори дури и македонската држава. Дали Иванов даде соодветна изјава заради политичка симетрија или, зошто и македонската страна под европски притисок, во меѓувреме се впуштила во паралелни дипломатски активности за што во домашната јавност имаше доста изјави на охрабрување? Како и да е, блиц–кригов клапна. Фуере се притаи, а и шведскиот амбасадор со штоперката нешто не е гласен. Остана насукана на суво само грчката лоби група во Македонија. Оставена среде битка на бојното поле, без убиствена муниција, сега плаче по времињата кога проблемите се решавале „машки“ со булдожер дипломатија, со пеглање ребра, виткање раце. Лобистиве ги дотолчи предвременото признание на Грција дека преговорите не се водат само за замена на досегашната референца БЈРМ со ново, подостоинствено име, ами, за македонскиот идентитет и целокупно постоење на Република Македонија во регионот Македонија кој не можел да биде татковина на ниту еден народ.

И сега? Што е следно? Што ќе ни понуди како симбол на модерен патриотизам и прагматизам, политиката на свиткан ‘рбет?

Наплата на долгот

Сега знаеме дека Грција всушност не е подготвена за преговори. Затоа ги повторува своите црвени линии и го испорача својот ултиматум. Што би рекол Оли Рен, ако се прашува само Брисел, нема веќе танго за кое треба двајца. Груевски на патот до ЕУ требаше да ѕенѕа сам. Но, не се прашува само Брисел. Атина неволно се врати на преговарачка маса признавајќи го легитимитетот на Нимиц. Сега Вашингтон врши надзор над преговарачите. На итриот Папандреу во овој момент не му успеа тактиката да одглуми добро и кооперативно момче. Спремноста на компромис ќе ја докажува пред Нимиц. Светскиот политички контекст сугерира соодветно темпо во носењето крупни одлуки. Груевски притоа мора да води сметка да не цапне на нечиј чувствителен опаш. Пред сé на САД, која е главен спонзор на Привремената спогодба, но не е пожелно да се изгубат од вид кинеските и руските интереси. САД е во фаза на адаптација на новата светска реалност. Се обидува да го обнови своето водечко место и неопходни и се дипломатски успеси. Такви засега нема на ниту една светска кризна точка. Во нашиов случај, Вашингтон не би имал ништо против Македонија да се самоукине, но, сака тоа да биде припишано исклучиво како нејзин дипломатски успех. Само заради тоа настана проблемот со Брисел, кој „изуми“ дека Клинтон ужива да собира лаври за своите балкански заслуги. Колку за да нема некој овде илузии за правичноста и правдата на светската политика во која сé е само интерес. Покрај ова, САД не може да си дозволи нејзините партнери и сојузници од Европа да го игнорираат авторитетот на американските претседатели и да ги суспендираат американските планови, а Грција токму тоа го стори лани. Од Папандреу, како Американец со грчко потекло, се очекува да ја поправи грешката.

Токму идентификување на интересот на светските играчи треба да ги определува и танцовите движења на Груевски во наредниот период. Вашингтон лани во Букурешт доби бокс во лице од својот пријател Грција. Атина навистина успеа од НАТО да направи неупотреблива пачавра. САД знае дека секоја членка на овој ексклузивен клуб може да стави вето на некој нејзин проект. Такви дипломатски победи на некои држави не се добредојдени во американската национална историја. Грција секако нема да биде исклучок. Напротив, може да и се случи да биде казнета за пример. Дали САД имаат ефикасни методи за убедување? Имаат. И ги практикуваат. Во стратегиските планови на САД, а сврзани со нејзината нова светска позиција, Турција доби исклучително геополитичко значење. Таа отпадна од европската агенда наспроти силното лобирање на Вашингтон да и обезбеди европски статус. Што е голем гаф на Брисел. И на Атина, која и во овој случај продолжува да ги ремети плановите на Вашингтон. Тоа што Бакојани сега се обидува победата на грчката дипломатија со ланското вето во Букурешт во однос на Македонија да ја подели братски со Анкара и Вашингтон, не е ништо друго освен признавање дека стига времето за наплата на долгот. А условите за Грција не се нималку пријатни.

Стапица за Атина и за Брисел

Во овој контекст може да се смести и фијаското на октомвриската „дејтонска офанзива“ во Македонија која се сведе на парада на домицилните тапоглави напаленковци кои, не само што не им завршија работа на нарачателите, ами и буквално станаа неупотребливи дури и за највалканите подземни работи на која било тајна служба.

Победата на Грција лани, а и годинава, сврзана со датата за преговори, е тешка бламажа за НАТО и ЕУ. Поднесувањето на тужба во Меѓународниот суд на правда (судот на ООН) е еден од најдобрите политички потези на македонската влада. Пред сé зашто ќе потсети на двете резолуции на Советот за безбедност и на дефинирањето на содржината на преговорите, а потоа, и да го расчисти статусот на Привремената спогодба за која Европејците не сакаат да зборуваат. Затоа, да потсетиме дека со оглед на традиционалната македонска политика на свиткан рбет и познатата преговарачка вештина, таа е стокмена така што да ги задоволи сите грчки барања во однос на Македонија. Освен еден единствен член што вели дека „првата страна“ се обврзува да не ги попречува интеграциите на „втората страна“ во меѓународни и регионални организации. Додека важи Спогодбата и траат преговорите! За цело тоа време, во употреба е провизорно име. Сега Брисел е во стапица заедно со Атина. Ако се прифати грчко вето, прекршиле документ со меѓународен легитимитет, подготвен од администрацијата на Бил Клинтон, а одобрен од генералниот секретар на ООН, Бутрос Гали. Документот, Спогодбата во име на Македонија ја потпиша Стево Црвенковски, а во име на Грција Каролос Папуљас.

И нормално е што Фуере ја пренесе овде желбата на Папандреу, Груевски, како „мал“ гест на добра волја, да ја повлече тужбата. Во таква трговија, Македонија би останала на бришан простор како партал и без никаква заштита. Безмалку би учествувала во сопствената егзекуција. Оттука, логично би било да се согледаат идните потези на македонската политика. Веројатно е дека, доколку се случи повторување на грчкото вето, Македонија ќе побара расправа за својот случај во Советот за безбедност. Јасно е дека тоа не е место кое како разврска го посакува Атина, иако ризици постојат и за македонската страна. Но, таму најмалку влијание имаат грчките поткупи, оти оние пет земји со право на вето играат на крупно. А да не говориме за макотрпната работа да се купуваат и поткупуваат владите на двесте држави со право на глас. Веројатно на тоа мислеше Андреас Папандреу, кој ги потсети своите сонародници дека ако спорот се отвори во ООН, во Советот за безбедност, Грција мора да се соочи со три држави што ја признале Македонија со нејзиното уставно име.

Последниве денови видливи се две нови тенденции кај домашните лобисти. Заеднички именител им е арбитражата. Но, додека арбитражата на СБ, т.н српски модел сврзан со Косово, ја оценуваат како неуспешна, иако се евидентни резултатите, се препорачува хрватско–словенечкиот, или европската арбитража, кој допрва треба да даде резултат. Претпоставуваме дека се работи за уште една оригинална грчка досетка, која повторно има цел да го премости непријатниот Совет за безбедност како крајна инстанца, која го менаџира македонско-грчкиот спор. Домашните пропагандистички мегафони кои веднаш се впуштија во фалење на европската арбитража, мора да знаат дека за Македонија таа не е никаква препорака, односно, јадица. Тука ни е искуството со арбитражната комисија на ЕЕЗ (Бадентерова комисија), која, зашто беше политички некорумпирана, препорача признавање, а ЕУ ја игнорираше одлуката на сопствената арбитража. Брисел од пред 20 години и денешниов не се сменети многу. Напротив, Европа во меѓувреме стана светски позната како недоследна, неконзистентна и несигурна партнерка во меѓународните односи.

Да резимираме: не успеа обидот Македонија набрзина самоиницијативно да се преименува и да се откаже од својот национален идентитет. Притисоците и понатаму се големи и доаѓаат од повеќе адреси, но целите се различни. Не се притиска само Скопје. И на Атина и жежи под нозе. Во јавноста, заради многу фактори, измешани агенди и интереси, се создава вистинска конфузија на краен песимизам и неверојатен оптимизам. Одговорноста за ова, како и за последиците на тортурата врз менталното здравје на населението, ја носат политичарите и медиумите. За разлика од пред еден век, македонскиот народ е свесен и за пропагандите и за центрите на моќ што ги организираат и е чудесно одлучен да не се самоукине. Освен оние малобројни несреќници што без око да им трепне би смениле идентитет и, за еден бугарски автомобил, за грчка пензија или упис на Харвард би се прекрстиле во Пламенчо, Јоргос или Ларс.

Автор: Мирка Велиновска

превземено од Нова Македонија

17 авгКвиз фоторепортажа!

 Мала фоторепортажа од југот

Можете ли да погодите како се вика градот на сликите што следат?

Одблиску…

Малку локална архитектура!

Некако ни е блиска и позната. Колку за инфо не се работи за Охрид или Велес!

На само неколку километри од оваа убавина се распослале овие руини оставени на забот на времето. Немо сведочат за некогашниот живот што сурово беше прекинат.

 

 Па доколку сеуште Ви е енигма името на градот, знајте дека сликите се од градот Костур и неговата блиска околија!

Се надевам дека уживавте!